ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(20) од Дебар и против правно лице со седиште во Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.
„При контрола извршена на 09.01.2021 полициски службеници и овластени лица од Државниот пазарен инспекторат констатирале дека Е.С., како одговорно лице, свесно дозволил работа на угостителски објект после 18.00 часот, каде биле затекнати осум гости, а таблата со натпис на фирмата неовластено била преместена и поставена на различна локација од постојната, внесена во Централниот регистар.
Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за работа на угостителските објекти и другите мерки за заштита на населението од заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.