еМагазин
Image default
Локално

Кривичнa пријава за полицаец кој физички малтретирал приведена жена

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници поднесе кривична пријава против В.С., полициски службеник вработен во ПС Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“ по член 143 од КЗ на РСМ, информира МВР.

Пријавениот полициски службеник на 28/29.11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.

Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Редакција

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Халк Еко Скопје трча 10К“

Редакција

Свекор се обидел да ја силува снаата во семејниот дом во штипско

Редакција