На 29.12.2018 година во 02,45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите, информира МВР.
Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.