еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Крводарителска акција во Државна лотарија

Како општествено одговорна компанија, денес се оддржа крводарителска акција во Државна лотарија во која учествуваа голем број вработени лица во дарување на најскапоцената течност, информираат од таму.

-Во соработка со Црвен крст и со Институтот за трансфузиона медицина, Државна лотарија организираше крводарителска акција која има тенденција да премине во традиционален чин на хуманост во компаниските редови, велат од компанијата.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност.

Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

-Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, Државна лотарија ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Херојот Јован Костадинов доби стипендија од Алкалоид

Редакција

Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година

Редакција

„Брако“ втора година по ред компанија-партнер во спроведувањето на Дуалното стручно образование

Редакција