еМагазин
Image default
Локално

Кумановец фатен како остава амфетамин во поштенско сандаче

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.

„На 14.01.2021, полициски службеници од СВР Куманово го забележале пријавениот како влегува во зграда и во поштенско сандаче ставил пакување во кое имало амфетамин. Пријавениот бил лишен од слобода, а од поштенското сандаче со записник била одземена дрогата“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коцкари зачестено кршат покер-апарати во казина и обложувалници во Струмица

Редакција

229 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење, 17 без возачка

Редакција

(Видео+Фото) По кадата од Охридско езеро извадија и вреќа со плочки

Редакција