На 28.03.2019 околу 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во приватна фирма во село Умин Дол, кумановско, при изведување работни задачи на кровна конструкција, И.Ѓ.(44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди, информира МВР.
Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за tруд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.