Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска ја коментира на Фејсбук стратегијата за греење за престојната зима.
„Нашата зима и нашата стратегија за греење.
Не е решение само да се набави скапа струја со земени скапи кредити.
Не е решение ниту да се опустоши сиот дрвен фонд во земјата и да настанат дополнителни климатски штети кои нема да можат да се надокнадат со децении.
Стратегија е нешто сосем поразлично.
За почеток можеби треба, сите што можат, да работат од дома.
Тоа ќе ја намали потрошувачката за греење и ќе помогне неопходната потрошувачка во училишта, болници и производни капацитети да не биде доведена во прашање.
Верувам постојат уште многу начини како да се намали потрочувачката на греење и струја но некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите“, пишува таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ги следи препораки од Европската комисија за начинот на плаќање на рускиот гас