еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Ладна“ ве повикува: Ајде надвор! Ние направивме промена, направете и вие!

Промената е двигател на целата природа, таа ги движи работите напред. Секоја промена води кон нови можности и предизвици, па затоа „Ладна“ реши да направи промена и отсега може да ја најдете во ново пакување и етикета со нов дизајн.

„Ние направивме промена, направете и вие! Ајде надвор!“, порачуваат од „Ладна“.

„Ладна“ ги повикува сите луѓе, особено најмладите, да направат промена и да излезат надвор. Наместо да поминуваат време пред електронски уреди, научете ги децата да ги играат сите оние игри од нашето детство, како криенка, плочка, ластик, граница и сл.

Наместо видео игри, посегнете кон игра под отворено небо, бидејќи природата е најголемата игротека во светот. Наместо целодневно скролање на социјалните мрежи, дозволете си кратка прошетка во природа и вежби кои ќе ви дадат дополнителна енергија. „Ладна“ го промени изгледот кон подобро, вие променете го животот кон подобро!

„Ладна“ го менува само надворешниот изглед, а останува истата, квалитетна изворска вода која доаѓа директно од недопрената природа на Осоговските Планини (1.497,5 метри надморска височина). Совршено избалансираниот хемиски состав ја прави погодна за подготовка на храна за доенчиња, а воедно „Ладна“ е и првата вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија.

Излезете надвор и уживајте во природата, но пред да го направите тоа, не заборавајте да се напиете „Ладна“ голтка здрав живот!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини

Редакција

Проф. Трајковски: Исполнети се сите услови за нов бран

Редакција

Тимовите на Црвен крст на терен: Доколку ви притреба помош од топлотниот бран, побарајте од екипите

Редакција