Првпат домовите на православните семејства денеска не ги посетија „лазарките“, што беше вековна традиција во Дебар.
-За жал, поради се помалиот број православни Македонци, полека се губат вековнте традиции. Така е за овој празник, попусто чекавме да не посетат „лазарките“. Разбравме дека нема да има. Девојчњата што лани и изминатите годни не посетја веќе се пораснати, вели Јованка Гиговска.
Според традицијата, група девојчиња, од кои едно е „невеста“, ги посетуваше православните домови пеејќи песна, со која се посакуваат свадби и благосостојба во семејствата.
„Лазорките“, како што по дебраски се нарекуваат, текстот го прилагодуваа зависно дали во семјство има мома или момче за мажење/женење.
За разлка од порано кога имало повеќе „лазарки“, пет-шет па и повеќе девојчиња, изминатите пет-шест години имаше само една група со три девојчиња.
Откако ќе ја испееа песната, домаќинките ги даруваа со свежи, неварени јајца, благо и пари.
„Лазарките“ заедно со познатото едноделно велигденско оро, како и „суројчарите“ (по повод Стара Нова година-Василица) беа најубави традиции по кои беше препознатлив Дебар. За „суројчарите“ годинава имаше само една група.
МИА/Фото: Општина Дебар