еМагазин
Image default
Македонија

ЛДП на изборите ќе коалицира со старо-новиот партнер СДСМ

Членовите на Централниот одобор на ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.

– На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери, вели Милевски.

ЛДП дискутираше и ги утврди кандидатите за пратеници кои дополнително ќе се промовираат во јавноста.

Потсетување дека на минатите парламентарни избори од ЛДП три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50 отсто од советниците на ЛДП во општинските совети се жени.

– Ние на овој интернационален ден на жената како либерали бараме родова еднаквост во општествово. Морам со гордост да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две се жени. Жените во нашата партија имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста, додаде Милевски. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПА сама ќе настапи на изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска по објавата на „бомбите„: Димишков не беше обвинет бидејќи немаше докази

Редакција

Со изведување на докази од Обвинителството, продолжи судењето за случајот „Софтвери“

Редакција

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Редакција