еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ е стигнат во земјава

Лекот „трикафта“ е стигнат во државава, потврди за МИА претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Тој посочи дека лекот пристигнал во земјава во понеделникот, но дека се уште не е дистрибуиран до клиниката, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури.

– Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување, едно, друго… Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника, нагласи Гаспар.

Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изјави дека денеска имале средба министерот за здравство Фатмир Меџити и разговарале за идните активности.

– Разговаравме за многу работи, за плановите што ги има за понатаму. Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега, додаде Гаспар.

МИА побара и потврда за информацијата од Министерството за здравство, но до објавување на текстот, не добивме одговор.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100 македонски медиумски работници во вторник ќе се вакцинираат во Врање

Редакција

Горивата поевтинуваа до еден ипол денар

Редакција

Разговорите за примирје и одржлив мир во Украина би можеле да почнат за неколку недели, најави Макрон по средбата со Трамп

Редакција