еМагазин
Image default
CHECK IN

Летото на Маврово ќе биде важно како и зимата

Доколку Маврово беше лоцирано кон средината на Европа, во текот на летото, би имало стотина велосипедисти по падините, тврди норвежанецот Гир Олсен, ангажиран како консултант за креирање нов модерен изглед на скијачкиот центар Маврово.

Во мастер планот на Олсен, кој бил меѓу главните лица во реализација на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, се наведува дека летото на Маврово ќе биде важно како и зимата.

„И повеќе од јасно е дека летово ќе биде поважно од кога било. Затоа што сакаме да креираме центар кој ќе работи преку годината, со што ќе биде корисно за туризмот и работните места во Македонија доколку овој ресорт работи цела година.

Имам добро чувство дека ќе успееме и дека летото ќе биде еднакво важно како и зимата. Луѓето кои доаѓаат тука како туристи ќе видат големи промени од година во година. Никој овде не вози велосипед, но ако ова место беше некаде на средината на Европа би имало стотина велосипедисти сега“, вели Олсен.

Според него, властите треба да работат на подигнување на свеста за екологијата и за зачувување на традицијата и идентитетот на Маврово.

„Треба да се инвестира многу, тоа го знаеме бидејќи веќе имаме инфраструктура, има скијачки центар и веќе инвестиравме во машините за снег, но ни треба ново поврзување меѓу поднежјето и врвот.

Тоа ќе биде нова гондола која ќе носи секакви посетители, не само скијачи, млади и стари кои ќе се движат горе долу прилично лесно.

Тоа ќе биде најголема инвестиција во следните години. Во скора иднина ќе се гради нов модерен ресторан, но и нови скијачки патеки на Маврово“, дообјаснува експертот.

Олсен, пред одржување на Олимписките игри во Сочи, се сеќава дека најголем проблем биле подготовките затоа што се соочиле со суптропска клима и стрмна планина.

„Се соочивме во суптропска клима и стрмна планина и од ништо требаше да се подготвиме за игрите за помалку од четири години. Тоа изгледаше невозможно, но ако успеавме тоа да го направиме, тогаш сè е возможно“, завршува Олсен.

Линк до ВИДЕО.

Видео/фото: Vidi Vaka/Vertigo Visual/SkiMacedonia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија+видео) еМагазин на Кикладите: Серифос – бисерот на Егејот

Петре Димитров

(Фото) Прекрасно место за бегство од Скопје: Етно ресторан „Марков манастир“

Редакција

(Галерија) Постојат хотели во Белек и постои Land of Legends

Силвана Жежова