еМагазин
Image default
Македонија

Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор за утврдување на законитоста на споменикот на ОНА во Слупчане

Правниот тим на политичката партија Левица поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во с. Слупчане, информираат од партијата.

“Имено, сметаме дека подигнатиот меморијален споменик, во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки кои, мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.

Согласно добиените информации, сметаме дека, комплетната постапка околу подигањето на предметниот контроверзен споменик во с. Слупчане е незаконска и истата не ги исполнува следниве претпоставки: не содржи иницијатива од овластен предлагач, Собранието на РМ не донело програма за таа намена, не е донесена собраниска одлука во таа насока и Собранието на РМ, нема именувано Одбор, кој подоцна треба да го спороведе конкурсот за изработка на идеен проект за подигање на меморијален споменик.

Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на државата.

Спорниот споменик се однесува на одбележување на личности кои се со Закон за амнестија (2002 година) амнестирани криминалци и терористи.

Поради тоа бараме, министерството да ги преземе сите законски дејствија и по утврдената фактичка состојба, да донесе соодветни управни акти со што би санкционирали и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Законот за меморијални споменици и спомен обележја“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ОНА е нераскинлив дел од историјата на оваа земја, рече Ахмети на откривањето на споменикот на ОНА во Слупчане

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 88 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ќе победите, како што ние со УЧК победивме во Македонија: Ахмети ги бодри Украинците

Редакција

Убава вест: Изминатото деноноќие нема регистрирано починати од корона вирусот

Редакција