еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Лице од Софија, Република Бугарија со два ножа вчера било приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници, што биле во близина, и при негов претрес ги пронашле ножовите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.

СВР Охрид денеска соопшти дека во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид во 11 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

– При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Појасни дека казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во Македонија.

– Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, додаде Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на починати од корона вирусот во Македонија се ближи до 300

Редакција

Министерството за финансии вработува осум државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

(Мапа) Кавадарци има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција