еМагазин
Image default
Македонија

Лиле Стефанова од СЈО денеска судењето за „Титаник“

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Ова е трето рочиштте за „Титаник“ неделава по едномесечната судска ферија.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во СЈО фали уште да се „испотепаат“

Има само Мерцедес: Каков имот пријавил обвинителот од СЈО, Бурим Рустем, кој треба да сведочи за „Рекет“

„Се извинувам обвинителке Фетаи, ќе морам уште еднаш да ве претресам“: Твитер „врие“ од шеги за Фатиме и Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 нови случаи на Ковид-19, од кои осум се во Тетово

Редакција

Унгарска Влада: Груевски доби „фер процес“ како кој било друг кој побарал азил

Редакција

Како изгледа составот на техничката влада, која треба да се изгласа денеска до полноќ

Редакција