еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија лани со зголемена добивка

Во период 01.01-31.12.2022 година Лотарија на Македонија АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 7.466 илјади денари, што претставува зголемување за 15% споредбено со 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Кај оперативната добивка во износ од 8.304 илјади денари споредбено со минатата година има зголемување од 18%.

Остварените вкупни приходи се во висина од 33.634 илјади денари и се зголемени за 28% споредбено со остварените приходи во 2021 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,79% имаат оперативните приходи, кои за овој период се зголемени за 30% во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои претставуваат 0,21% од вкупните приходи има намалување.

Зголемување од 34% бележат вкупните расходи, кои за период јануари – декември 2022 година изнесуваат 25.259 илјади денари. Оперативните расходи се зголемени за 34%, а финансиските расходи нема, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лотарија на Македонија во првите девет месеци со добивка

Лотарија на Македонија со добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Локвенец нов в.д. директор на Железници-инфраструктура

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 165 милиони евра за неплатени даноци

Редакција

Нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул од следната година

Редакција