еМагазин
Image default
Македонија

Мајки протестираа против владината одлука да се вратат на работа

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, попладнево излегоа на протест пред Владата.

Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември.

Од Владата соопштија дека со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот Ковид-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преспанскиот е реалност која не ни се допаѓа и сакаме да ја промениме, но ако не ја почитуваме ќе имаме проблеми со институциите, вели Мицкоски

Редакција

Антикорупциска со две прекршочни постапки против претседателот Иванов

Редакција

Пратеник снимал деколте на негова колешка, обвини Ковачевски во Собранието

Редакција