еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маглата го отежнува сообраќајот, се чека за излез и влез на премините Табановце и Пелинце

Поради појава на магла, намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патните правци Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово и Кочани – Штип, а на патот Тетово – Групчин со 150 метри, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.

АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу еден час, а за влез во државата околу 40 минути. На граничниот премин Пелинце, пак, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Маглата од вчера го отежнува и одвивањето на авиосообраќајот од Скопскиот аеродром, каде од 20 часот синоќа до девет часот изутрината беа откажани девет лета, а четири пренасочени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАВ Македонија: Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 9 лета, 4 пренасочени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата седниците ќе ги држи низ различни градови, прва беше Битола

Редакција

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Редакција

Побарано прекинување и на „ТНТ“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева

Редакција