еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Македонците живеат 5,6 години пократко од жителите на ЕУ

Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Еуростат.

Најдолг животен век во Европа, според проценките на Еуростат, се очекува да имаат Швајцарците 83,7 години и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години.

Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците 81,5 и Словенците 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.

По Швајцарците и Шпанците, најдолгo во Европа ќе живета Италијанците 83,4 и Французите 82,7 години.

Податоците што ги објави Еуростат се изработени врз основа на очекуваниот животен век на новородените деца во Европа во 2016 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска комисија: Нема причина воопшто да не се користи вакцината „АстраЗенека“

Редакција

Европската комисија уверува оти „францускиот предлог“ бил најдоброто можно решение

Редакција

(Видео) Денеска во Тирана почнува Самитот на Берлинскиот процес, еве каде ќе се одржи

Редакција