Горан Јандреоски е избран за нов извршен директор на аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството.
„Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата богата професионална биографија“, се вели во соопштението на компанијата.
Јандреоски беше директор на Управата за цивилно воздухопловство во Македонија, како и на високи раководни позиции на аеродромот во Скопје.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.