еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, смета претседателот на МАНУ, Коцарев

Жестоката критика за македонските политичари испрати претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Љупчо Коцарев на конференцијата „120 години од Илинденското востание“, што се одржа вчера во Крушево.

Тој смета дека е потребен трет Илинден.

-Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја.

Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци, рече Коцарев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија

Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?

Фото: МИА/МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села: Победивме во првиот круг во Дебар и Гостивар, во втор круг сме во пет општини, се чекаат резултатите и за Тетово

Редакција

Од денеска започна да функционира јавниот градски превоз во Струмица, со новите електрични автобуси

Редакција

На 27-годишна девојка и се слошило во хотел во Чаир, починала на Клиника

Редакција