еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија останува на грчката листа со безбедни трети земји за бегалци и мигранти

Македонија и Албанија остануваат на листата безбедни трети земја за барателите на меѓународна заштита „кои на грчка територија нелегално влегле од границите со овие две земји“, според Министерството за миграција и азил на Грција во однос на новата, ажурирана годишна класификација на земјите на потекло и транзит за мигрантите и бегалците, јави дописничката на МИА од Атина.

Каталогот се ажурира секоја година и содржи безбедни земји на потекло и безбедни трети земји, а во ланската листа за првпат беа вклучени Македонија и Албанија, нешто што е продолжено и сега со заедничката министерска одлука потпишана од министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитадис Варвициотис.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштија дека од листата безбедни земји отстранета е Украина поради руската инвазија, а непроменет е статусот на Гана, Сенегал, Того, Гамбија, Мароко, Алжир, Тунис, Грузија, Индија, Ерменија, Пакистан и Бангладеш, кои остануваат безбедни земји на потекло.

-Исто така, останува карактеризирањето на Турција како безбедна трета земја, за барателите на меѓународна заштита, чија земја на потекло е Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија.

Исто така и на Албанија и Македонија, како безбедни трети земји за барателите на меѓународна заштита кои нелегално влегле на грчката територија од нејзините граници со овие земји, соопштија од надлежното Министерство.

Министерот за миграција и азил на Грција, Митаракис рече дека „класификацијата на земјите како безбедни земји на потекло и транзит е основна обврска на земјата, во рамките на европското законодавство и поддржува спроведување на строга, но правична миграциска политика“ и обезбедува доделување азил на оние на кои навистина им е потребен и имаат право на тоа.

МИА/Фото: УНХЦР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција

Блок 3 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од мрежа

Редакција

Заев во ЕП: Прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во ЕП

Редакција