еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија повторно остана без патнички и товарен железнички сообраќај

Железничкиот сообраќај во државава е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови.

Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.

-Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски.

И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945

Редакција

Казни по 20 евра за функционерите на ДУИ за неносење маски

Редакција

Duferco Skop SA купи уште 1.000 акции на Макстил

Редакција