еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонија со пораз го започна Светското првенство во ракомет

Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023.

На натпреварот одигран синоќа во „Таурон арена“ во Краков победникот беше познат уште по првото полувреме. Отпорот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров траеше дваесетина минути, а потоа норвешките ракометари со серија од четири гола се одлепија од 9:9 на 13:9. Следуваа два погодока на нашите репрезентативци за доближување на 13:11, но следуваше уште една низа од пет погодоци за Норвежаните за убедливи плус седум на полувреме (18:11).

Вторите 30 минути беа само формалност и прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот.

Најефикасен на натпреварот беше Филип Талески со седум погодоци. Сандер Сагосен со шест голови беше најефикасен во победничкиот состав.

Во текот на целиот меч, македонските ракометари ја имаа поддршката на околу две илјади припадници на „Фалангата“.

На другиот натпревар од почетното коло во оваа група, Холандија ја совлада Аргентина со 29:19.

Во второто коло македонската репрезентација на 15 јануари од 18 часот ќе игра со Холандија.

МИА/Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Редакција

Почина легендарниот фудбалер Марадона

Редакција

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Редакција