еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ: Заев, Димитров и Османи се сретнаа со Меркел

Премиерот Зоран Заев на денешната билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел, ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија, информираат од Владата.

Како што се наведува во владиното соопштение од средбата, Заев нагласил дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот.

Владината делегација предводена од премиерот Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево по официјалниот работен ручек остварија билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана. Меркел е во посета на Западен Балкан и се сретна си лидерите на земјите од регионот на кој главна тема беше регионалната соработка.

На билатералната средба, премиерот Заев исто така се осврнал и на иницијативата Отворен Балкан, која се темели токму на принципите на функционирање на Европската Унија.

-Нам ни е потребно што е можно побрзо решавање на политичките пречки и интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Ние успешно ги завршивме нашите домашни задачи, но тоа не значи дека запираме тука, напротив секој ден работиме и се бориме за подобро утре за нашите граѓани, истакнал премиерот Заев на билатералната средба со канцеларката Меркел.

Канцеларката Меркел, како што се наведува во соопштението, се согласила со владината делегација дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува и дека постојаниот напредок е нотиран од страна на сите релевантни европски институции и меѓународни партнери на државата.

Заев и канцеларката Меркел разговарале и за трговската размена помеѓу двете држави и за дополнително унапредување на економските инвестиции во државата со оглед на поволната бизнис клима која ја прави Германија број еден трговски партнер на Северна Македонија во континуитет со години.

Во соопштението се посочува дека на средбата премиерот Заев се заблагодарил за личниот ангажман на канцеларката Меркел за нејзината севкупна посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Северна Македонија, како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел вели Македонија и Албанија ги исполнија условите за членство, според Рама двете земји се заложници на национализмот во ЕУ

Зошто Меркел ја „скокна“ Македонија во својата проштална турнеја на Балканот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Редакција

Највредниот договор за јавна набавка без оглас лани го добила бугарската фирма Actael N Ltd

Редакција

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Редакција