„Македонијатурист“ во периодот јануари-септември годинава оствари нето добивка од 86,5 милиони денари која е за 4% поголема од истиот период во минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Вкупните приходи до 30.09.2019 година изнесуваат 276,18 милиони денари и се намалени за 1% во однос на истиот период од претходната година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.09.2019 година изнесуваат 188,52 милиони денари и се на приближно исто ниво во однос на истиот период од 2018 година.
„Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво. Со оглед на фактот дека друштвото работеше во услови на зголемена конкуренција на пазарот и зголемен број на хотелски објекти во градот Скопје, остварените резулатати во деветте месеци од тековната 2019 година се задоволителни“, информираат од компанијата.