еМагазин
Image default
Бизнис

Македонска берза: „Либерти“ избришана од „листата на набљудување“ по успешното преземање

Македонската берза информира дека денеска компанијата „Либерти“ АД Скопје е избришана од „листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот „Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед“ од Лондон, Обединето Кралство.

„Либерти АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на „Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед“ од Лондон, Обединето Кралство“, објаснуваат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов повик и нови критериуми за субвенциониран авиопревозник

Редакција

БРАКО: Нашиот дел од работите во ковид-центарот во Тетово се направени согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет

Редакција

Топ 10 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција