еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана, полицијата распиша потерница по него

Македонски државјанин е осомничен дека претпладево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани.

Двојното убиство, според полицијата. се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана.

На местото на настанот беше директорот на полицијата на Трана, Ребени Јаупи, кој соопшти дека е издадена потерница и апелраше до секој кој има каква било информација да и ја пренесе на полицијата.

– Сторителот на двојното убиство е Перпарим Адеми (59) од Северна Македонија. Тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, кое го оставил на самото место на настанот и се дал во бегство.

Ангажирани се големи полициски сили за негово пронаоѓање. Објавивме и негова фотографија и апелирам до секој кој може да помогне во негово пронаоѓање, апелираше Јаупи.

Тој додаде дека пред неколку години Перпарим го сменил презимите од Тела во Адеми.

– Перпарим Адеми го сменил презимето кое до тогаш го имал односно Тела. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите. Првичниот мотив е дека до немилиот настан дошло поради кавга со една од сестрите околу продолжувањето на вобрачната заедница, рече Јаупи.

Тој посочи дека се известени сите полициски станици во земјата, а остварен е контакт и со македонските колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 292 лица поради неносење заштитна маска

Редакција

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

Редакција

Продолжува судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Редакција