еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин се полил со бензин и се запалил во Нов Белград

Нешто пред 13 часот, маж се запали откако инвеститори дојдоа да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што дознава Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е државјанин на Македонија.

Како што пишува овој медиум, постара жена, мајка на несреќниот маж, лежела на земја, удирајќи се со камен во ногата велејќи: „Погледнете што направија“.

Според 24седам, работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката.

Несреќниот човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.

Мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Редакција

Реотворена македонската Амбасада во Украина

Редакција

Избрани нови директори на две клиники

Редакција