Македонскиот интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис се појави во новата кампања за реномираниот пијалок за возрасни „Блендерс прајд виски“.
Ова виски беше создадено од Пернот Рикард и за прв пат произведено во 1995 година. Подоцна дури во 2011 година ја произведе и премиум линијата наречена Blenders Pride Reserve Collection.
„Додека пак нашиот успешен модел веќе седум месеци престојува во Индија и може да се пофали со голем број на проекти и кампањи.
Крис по трет пат работи на индискиот пазар и моделингот го одведе на места каде не ни сонувал дека еден ден ќе ги посети како елитното собиралиште Гоа, егзотичниот Бомбај, како и мистериозната Калкута.
Договорот му истекува во декември, а после тоа имаме план да ја освои Азија. Стојаноски е сериозен и професионален модел плус неговата убавина, тоа е бланко чек за неговата кариера во интернационалниот моделинг,“ вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од „Моделс ИН Менаџмент“.