еМагазин
Image default
Македонија

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија.

По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Од бугарското Министерство за правда велат дека Груевски нема бугарски пасош

Редакција