еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските државјани во Одеса итно да го контактираат МНР, обезбедeн е транспорт за евакуација

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со партнерски земји е обезбеден транспорт за евакуација на наши државјани кои се наоѓаат во Одеса, Украина.

– Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат Министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732.

Воедно, Министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување, се вели во соопштението од МНР.

Дополнително, се прават напори да се обезбедат начини за евакуација и за македонските државјани кои во моментот се наоѓаат во Харков и Киев, за што од МНР дополнително ќе информираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски транспортери заглавени на границите на Украина со Полска и Романија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струјата ќе поевтини: Изгласани законските измени за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто

Редакција

Кои се членовите на Комисијата за заразни болести

Редакција

Секој граѓанин во државата ќе добие електронски идентитет

Редакција