Макстил, во периодот јануари – март 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, информира компанијата преку Македонската берза.
-Во овој период се остварени приходи од работењето во износ од 2,52 милијарди денари, од кои приходите од продажба како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со 99,6%. Споредено со истиот период од 2022 остварените приходи од работењето (2,60 милијарди) се пониски за 3,4%.
Во првите три месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 2,32 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 76%. Споредено со истиот период во 2022 година остварените расходи од работењето (2,22 милијарди денари) се пониски за 4,2%.
Добивката пред оданочување во извештајниот период е 67 милиони денари и е речиси четирикратно пониска од остварената во првиот квартал од 2022, додека нето добивката изнесува 59 милиони денари, четирикратно пониска од остварената за истиот период во минатата година.
Намалувањето на добивката воглавно се должи на пониските продажни цени на готовиот производ. Дополнително, трошоците за производство сѐ уште не бележат пад како што се очекуваше и се релативно високи во однос на берзанските движења на енергенсите и металите, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На двајца членови на Одборот на директори на Макстил лани исплатени 9,6 милиони денари
Макстил лани со зголемена добивка и приходи