Предвременото породување станува се почеста појава во нашата земја, но за разлика од порано кога ризикот за ваквите бебиња беше огромен, сега со професионалниот капацитет и грижата во Zan Mitrev Clinic ваквите случаи имаат многу поголеми шанси успешно да ги пребродат почетоците.
Пример за тоа е малата Теодора која деновиве замина дома со нејзините родители. Таа е предвреме родена, во 25 тата гестациска недела од бременоста и тогаш тежела само 800 грама.
По два месеци поминати на Клиниката за Гинекологија и акушерство Теодора е префрлена на Одделот за интензивна нега во Zan Mitrev Clinic.
Тешка одвај еден килограм, во незавидна состојба, со инфекција и на машина за дишење, Теодора го започна својот престој на овој одделот во Клиниката.
Полека следуваше подобрување на состојбата.
Таа постепено почна да се храни и да напредува и по еден месец здрава и тешка 1.700 грама заминува дома со родителите.
Пред неа е долг пат на растење, ама овој мал борец успеа за три месеци ја добие најтешката битка. И посакуваме среќно детство.