еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе, велат од граѓанската инцијатива и советничка листа во скопската општина Центар, „Шанса за Центар“.

-Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи.

За да им помогнеме на институциите ги мапиравме јавните објекти кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво!

Такви јавни објекти во Скопје кои ги согоруваат овие енергенси се најмалку 100!

Со нафтата за домаќинство која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство.

Неколку установи зимава ќе изгорат стотици илјади килограми мазут, а во скопската котлина една јавна установа ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање.

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но, за да се промени начинот на греење кај институциите потребна е главно политичка волја и одлучност и таму да се насочат сериозни пари од оние кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот.

Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа, велат од таму.

Погледнете ја мапата: google.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот

Редакција

Сите детали од протоколот за меѓуградски превоз: Нема веќе јадење, пиење или грицкање во возилата

Редакција

Новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските граѓани, со барање одобрение и плаќање такса повторно одложени

Редакција