Тимот на компанија Биспаг Противпожарна Техника, дојде до решение на спој меѓу корсното и убавото што секогаш е добитна комбинација, па така наскоро за секој дом ќе бидат достапни ПП апарати во вид на уметничко дело, кои совршено би се вклопиле во секој дом, а истовремено во даден момент би го спасиле нашиот дом.
Летово бевме сведоци на сериозни пожари кои уништија шуми и домови, а беа загрозени и човечки животи. Сите ние треба да научиме како да ги спречиме пожарите, но и доколку дојде до оваа немилосрдна појава како правилно и брзо да интервенираме за да избегнеме поголема штета.
Токму по тој повод разговараме со Марија Кукуноска, менаџер во БИСПАГ, која е најстарата компанија во Македонија, но e и единствена која нуди комплетна противпожарна заштита .
Што е она што ја издвојува Вашата компанија од останатите ?
Кукуноска: Биспаг Противпожарна Техника е семејна компанија која датира од 1971 година па до денес на македонскиот пазар во делот на противпожарна заштита. Она што не издвојува од останатите но и што не задржало толку долго време на пазарот пред се е работењето исклучиво според законските нормативи кои се доста ригорозни, а се пропишани во Законот за пожарникарство во нашата земја.
Исто така нашата команија е единствена која работи комплетна противпожарна заштита,што би значело од проектирање до изведба и инспекција на ППЗ опрема, располагаме со стручен кадар за професионална изведба ,инжинери за заштита од пожари, електроинжинери, машински инжинери, инжинери за здравје и безбедност при работа, овластени сервисери…
Се ова ја прави нашата компанија единствена,која може да понуди висококвалитетна и професионална услуга во делот на противпожарна заштита.
Зошто и кој се треба да поседува противпожарниот апарат?
Кукуноска: Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој еден правен субјект.
Противпожарниот апарат е превентивно средство за лична безбедност пред се за заштита на нашите домови, деловни простории, автомобили и слично.
Потребно е да се поседува како средство за почетно гасење на пожарот,како би се спречило понатамошно ширење, но исто така во случаи каде имаме пожар со правилна употреба на ПП апаратот и за трасирање на пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата која е зафатена со пожар.
Како се користи противпожарниот односно познат како ПП апарат?
Кукуноска: Употребата на ПП апаратот е многу едноставна, но секако потребно е да претходи обука за правилно користење на истиот. Најдобро е кога се придржуваме кон упатството на производителот на ПП апаратот кое пак се наоѓа на секој апарат со шематски приказ за начинот на употреба како и векот на траење.
При употреба на ПП апаратот како многу битен податок кој би сакала да го споделам со пошироката јавност е дека векот на траење на еден ваков апарат е 20 години при што по изминување на овој даден рок на траење тој станува максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.
Што мислите дали граѓаните поседуваат во својот дом ПП апарат и зошто е потребно да го имаат?
Кукуноска: Според нашето досегашно искуство , многу мал број на граѓани поседуваат ПП апарат во својот дом, веројатно тоа е последица затоа што свеста за неговата потреба како и едукацијата за придобивките од поседување на ПП апаратот во својот дом се на многу ниско ниво.
Според мене не само што е потребно туку и задолжително е граѓаните да го имаат во својот дом бидејќи човечкиот живот нема цена, а еден ПП апарат за домаќинство чини околку 1200 денари.
Освен во домот ПП апаратите треба да се бидат поставени и во канцелариите или работните простории, дали компаниите го почитуваат тоа и на колку време треба да се одржуваат за да бидат исправни?
Кукуноска: Потребата од противпожарна опрема, во деловни простории, индустрии и слично е задолжителна и пропишана со закон за пожарникарство во нашата земја.
Постојат одередни процедури или чекори во предвидувањето на ПП заштита за еден комерцијален објект кој се одредува според повеќе параметри кои треба да се земат во предвид. Одржувањето и користењето на ПП апаратите но и на останатата ПП опрема пред сее одредена според упатството на производителот, но секако е потребно да се запазат пропишаните законски нормативи за редовен сервис, согласно Законот за пожарникарство во земјата.
Во последиве години нашата земја доживува градежна експанзија и постојано се гради што би значело противпожарна заштита за да може да кажеме дека една високаградба без е безбедна?
Кукуноска: Како што и претходно споменав многу е битно инвеститорите и сите оние кои се вклучени во процесот на градба како одговорни лица за безбедност на објектот да ги запазат сите процедури за ПП заштита како максимално би го обезбедиле објектот.
Откако би се поставиле сите предвидени ПП средства во дадена зграда да кажеме исто толку битно е да луѓето кои ќе живеат во таа зграда или објекет да знаат правилно да ги употребуваат, инаку не гледам применливост на истите доколку незнаеме како се користат.
Она што би сакала посебно да го потенцирам е потребата од поставување на надворешни противпожарни скали за евакуација кои за жал забележуваме дека се помалку се употребуваат во новите високоградби.
Дали во автомобилите се потребни ПП апарати?
Кукуноска: Сите комерцијални возила, комби, камиони, автобуси задолжително е да поседуваат соодветен ПП апарат, истиот е потребно редовно да се сервисира секои шест месеци
Сакам да искористам можност и да упатам еден апел до сите физички лица исто така да имаат ПП апарат и за својот приватен автомобил, како би ја заштитиле својата инвестиција(автомобилот), но и од лично искуство би можела да кажам дека може и тоа како да помогнат во ситуација на пожар во најразлични околности.
Вие како компанија, ќе се посветите ли на едукација и подигање на свесноста кај граѓаните?
Кукуноска: Нашата компанија Биспаг Противпожарна Техника, во месец oктомври спроведе низа активности како би се придружиле кон светското семејство на компании кои го одбележуваат овој месец.
Ативноста која започна нешто пред месец Октомври, но ја интензивираме во овој месец е наречена „СТАРО ЗА НОВО“, целта на оваа акција е подигнување на безбедноста на највисоко ниво со што би ги замениле старите апарати кои се максимално небезбедни со нови, при што нашата компанија ги презема старите ПП апарати, а клиентот може со доплата да си набави нов противпожарен апарат, со што ризикот од настанување на несакани дејствиа од стар пп апарат, со изминат век на траење е отстранета.
Исто така започнуваме со една голема акција која ја започнеме во месец Октомври но сигурно ќе трае подолго, а тоа е доближување и поставување на ПП апарат во секој дом.
Имено нашиот тим дојде до решение на спој меѓу корсното и убавото што секогаш е добитна комбинација, па така наскоро за секој дом ќе бидат достапни ПП апарати во вид на уметничко дело, кои совршено би се вклопиле во секој дом, а истовремено во даден момент би го спасиле нашиот дом.
Активност се планирани низа на едукативни предавања во основните и средните училишта со цел уште од рана возраст да се всади свеснота и културата за превенција од пожари.
Нашите секојдневни активности за сите оние кои се заинтересирани за обука за ракување со ПП средства се отворени и слободно може да се обратите на нашите контак телефони или преку нашата е-пошта.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА