еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај, изјави денеска за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски информираше дека товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај.

-Бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање за исплата на вториот дел од септемвриската плата,  изјави Чакаровски.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 217 оздравени од Ковид-19

Редакција

Од Хамас објавија ново видео со три жени заложнички од Израел

Редакција

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6,8%

Редакција