еМагазин
Локално

Масовна тепачка во ресторан во Градско

На 28.12.2018 година во 23,10 часот во Полициската станица Велес, С.Ќ. (56) од Велес, пријавила насилство во ресторан лоциран на улицата „Александар Македонски“ во Градско, информира МВР.

Имено, според пријавеното, истиот ден околу 22,30 часот во ресторанот, лицата Ѓ.К. (27), З.С. (34), В.В. (26) сите од село Виничани-Градско, заедно со Д.И.(25) од Градско и други лица физички ги нападнале О.Б. (56), В.Н. (33), И.А. (33) Г.Ѓ. (38) од Велес. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе почне повторно со работа наплатниот пункт за вода и во Сарај

Редакција

Во куќа во Шуто Оризари пронајден починат 43-годишен маж

Редакција

Жител на Вељуса се затворил дома откако прободел соселанец, полицијата го приведе со димни бомби

Редакција