еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Здружението на приватни лекари ја поздравува одлуката на Владата, со 20 проценти на плата, за два месеци да ги награди здравствените работници вклучени во борбата со Ковид-19, но и реагира бидејќи се изоставени матичните лекари.

Претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференција рече дека не бара награда, туку Владата да го исполни ветувањето за редовна исплата на капитацијата на матичните лекари, што сега им доцни 67 дена.

Последната исплатена им била за месец февруари, а во јавното здравство е исплатена и за април.

– Матичните доктори не смеат да бидат изоставени, заради тоа што, тие ја понесоа целокупната тежина на овој момент. Целокупната тријажа се правеше преку матичните доктори, а во Дебар матичните доктори покрај другите обврски, земаа и брисеви за скрининг на населението, потсети д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека, тие сами си купиле опрема за заштита, маски и дезифициенци, поставиле плегсиглас на пунктовите кај медицинските сестри, ракавица и УВ ламби и се’ што било потребно за нивна и заштита на пациентите.

– Нека ни ги исплатат заостанатите капитации. Тоа би било еден вид благодарност од Владата кон матичните доктори, додаде д-р Чолакова Дервишова.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Доктори од Итна медицинска помош наместо свадба, сечеа торта со колегите

Награда од 20 отсто од платата за здравствените работници кои два месеци беа најизложени на корона вирусот

Какви се обврските на матичните лекари кон заболените од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставките не се верификувани, БЕСА се уште е дел од Владата, вели Заев

Редакција

Денеска на дневен ред во Собранието пакетот закони за коридорите 8 и 10д

Редакција

Прекршочна постапка за бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, Тупанчевски и Министерството за правда

Редакција