еМагазин
Image default
Македонија

Меџити без коментар за пресудата за модуларната болница

Министерот за здравство Фатмир Меџити не сакаше да ја коментира пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, но истакнува дека се преземаат мерки да не се повторат такви случаи во иднина.

– Нема да коментирам одлуки од судски процес, ниту тоа што било во Обвинителство. И јас како вас жалам и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, многу жалам за овој настан и затоа се стремиме овие настани да се минимизираат и да не се случуваат во иднина.

Од првиот ден заедно со тимот презедов мерки за сите проблематични и модуларни болници и проблемите со клиниките што не се довршени – Клиничка болница Штип, реновирање во Битола, тоа што не се гради во Кичево 30 години…

За сите работи сме презеле мерки и сакаме законски да се расчистат за да можеме што побрзо во најкраток можен рок да доградиме. Пациентите ни се пред се, изјави Меџити на новинарско прашање по посетата на Клиниката за ендокринологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две условни, една ослободителна пресудна, никој во затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опремата за прислушување и документацијата од УБК ќе се префрлат во ОТА

Редакција

Уставен суд ќе одлучува дали важат помилувањата на екс-претседателот Иванов

Редакција

Партиите остануваат со различни ставови за СЈО

Редакција