еМагазин
Image default
Македонија

Медицинско лице еден од тројцата новозаразени со Ковид-19 во Крива Паланка

Крива Паланка денеска повторно се вбројува во општините кои регистрираат новодијагностицирани случаи со Ковид-19 и тоа тројца, најмногу регистрирани во еден ден од почетокот на пандемијата.

Од нив, како што посочија од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, едно лице е здравствен работник, прв случај на медицинско лице заболено од вирусот во оваа општина.

Со денешните три случаи бројката на активни слуачи во Крива Паланка се искачи на десет, а дури педесет отсто од истата се лица дијагностицирани за само 24 часа.

Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се регистрирани 35 лица заболени од Ковид-19, од кои десет се активни. Во статистиката за оваа општина се регистрирани и жителите на општина Ранковце.

Во Кратово досега се регистрирани вкупно 16 случаи на заразени со Ковид-19,од кои само два се активни.

МИА/Фото: Општина Крива Паланка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум нови случаи со Ковид-19 во Дебар

Седум новозаболени со Ковид-19 во Куманово, оздравени 15 пациенти

Нови 115 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица починати од Ковид-19 во велешката болница, 55 се на кислородна поддршка

Редакција

При зачленувањето во ЕУ, ќе треба да се направат голем број на законски измени и уставни измени, вели Ковачевски

Редакција

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирусот

Редакција