еМагазин
Image default
Локално

„Мерцедес“ се запали во движење на автопатот Тетово-Скопје

Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

„Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје.  Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила“, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така „мерцедес“, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама во Тетово: Полициски советник му зел 5.000 евра за да ја „вработи“ ќерката

Редакција

(Фото) Џип во Штип заврши во реката Отиња во центарот на градот

Редакција

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

Редакција