еМагазин
Свет

Меркел доби понуда од Гутереш да работи во Обединетите нации

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација.

ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, пренесе дека на Меркел и биило понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.

Понудата генералниот сектреар на ОН ја испратил преку писмо до Меркел.

Меѓутоа, од седиштето на ОН во Њујорк оценуваат дека мали се шансите Меркел да ја прифати понудата. Таа засега не одговорила на повикот, а претставниците на ОН не сакаат да дадат официјална изјава за понудата.

Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш, како дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хит на Интернет: Панична реакција на француската министерка Пени – Рунаше, бидејќи ја заборави маската

Редакција

СЗО откри застрашувачки податоци: Секој десетти заболен од Ковид-19 има симптоми и по три месеци

Редакција

Не откривме дека имало геноцид во Украина, велат од Обединетите нации

Редакција