Мермерен комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година оствари приходи од продажба во износ од 878,923 илјади денари, што претставува зголемување за 5.7% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 435,591 илјади денари, споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2021 година во износ од 455,693 илјади денари што претставува намалување од 4.41%.
EBITDA за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година изнесува 504,684 илјади денари наспроти остварениот износ од 527,381 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 4.30%.
Крајниот резултат по оданочување за првиот семестар од 2022 година е позитивен и изнесува 393,428 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 412,267 илјади денари и покажува намалување од 4.57%.
Оперативните расходи изнесуваат 441,627 илјади денари и се повисоки за 9.10% во однос на истиот период од минатата година.
Евидентирано е зголемување на трошоците за материјали и суровини за 25.34%, а на расходите за вработени намалување за 8.53%.
Трошоците за надворешни услуги се зголемени за 28.26%. Трошоците за амортизација изнесуваат 66,821 илјади денари и тие се пониски за 3.72% во однос на минатата година“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мермерен комбинат ќе дели дивиденда
Јасна Ажиевска Петрушева избрана за член на Одборот на директори на Мермерен комбинат