Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тортура“.
Судењето се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште исказ даваа дел од обвинетите.
Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ.
За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.