еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ми се закануваат дека ќе ме убијат: Тетовчанец тврди дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Тој за Дојче веле вели дека е решен правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата му „тропна на врата“ на тетовчанецот кој сведочеше дека му барале пари за нега на неподвижниот брат

„Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар“, раскажува за Дојче веле, Емшиу.

Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата.

Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат, кој боледувал од церебрална парализа.

„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените.

Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно”, вели тој.

Вели дека во модуларната болница не бил единствениот кој се грижел за своите најблиски, речиси секој пациент имал по некој близок до него и тоа деноноќно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Имавме време колку да излеземе преку прозорецот“: Сведоштво на жена која со сопругот се спасила од пожарот во ковид-центарот во Тетово

Сведоштво на девојка чиј татко се спаси од ковид-центарот во Тетово: „Пожарот изби многу бргу, моите, а и многу други избегаа низ прозорец“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Liebherr фрижидери и ладилници, спој на модерни и квалитетни апарати за домаќинства и компании

Редакција

(Фото) Лиде Лиде конечно се запозна со министерот Филипче

Редакција

Потресни видеа снимени неколку минути по трагичната несреќа на патот Скопје-Тетово

Редакција