еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Ако се вистина најавите за отфрлање на иницијативата за референдум, власта ќе ги влоши односите со опозицијата

Ако е вистина, уште еднаш власта покажува страв, уплашени се, бегаат од народот, бегаат од предвремени избори, бегаат од референдум и навистина не знам дали го заслужуваат епитетот да бидат Влада, бидејќи еднинствено нешто од што не бегаат е криминалот, кражбата и тендерите во четири очи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу најавите дека власта ќе ја отфрли иницијативата за референдум.

Мицкоски додаде и дека доколку се случи иницијативата за референдум да биде отфрлена, власта жртвува дополнително влошување на односите со опозицијата, а единствен одговорен за тоа ќе биде Владата.

-Ако тоа навистина така се потврди, тогаш жртвуваат дополнително влошување на односите помеѓу Владата и опозицијата и предупредувам дека единствен одговорен за тоа ќе биде Владата во овие тешки времиња, бидејќи не покажива демократски капацитет, потенцираше Мицкоски вечерва во Кавадарци.

Тој сепак остави простор дека најавите за отфрлање на иницијативата за референдум ќе испаднат дека се само шпекулации и Парламентот ќе дозволи да се соберат потписите за народот да одлучи на референдум.

-Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари.

Ова беше одлична можност заедно со референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на референдум, па народот нека одлучи, истакна Мицкоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

Редакција

Што се бара Бугарија од Македонија: Објавен Објаснувачкиот меморандум

Редакција

Продолжува црниот биланс: Во велешката болница четворица починати од Ковид-19

Редакција