еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно, со температура до 28 степени

Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето претпладне ќе биде со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во текот на работната седмица ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до вторник и со пониска дневна температура. Од среда дневната температура повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Директорката на УЈП, Лукаревска приватно: Би глумела во Dirty Dancing, на вечера би ја поканила Евита Перон

Редакција

Велик Четврток: Верниците утринава бојадисуваа јајца

Редакција

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

Редакција