Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил апелира до Владата да се ослободат од работа хронично болните, поради, како што вели, високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од Ковид-19.
– Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа.
Посебно тие со белодробни заболувања, напиша Мицкоски.
Бројот на починати, според Мицкоски, на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80 отсто по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.
– Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност, пишува Мицкоски.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ