еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Бугарија со овие позиции сака да не асимилира додека влеземе во ЕУ, Владата да внимава што прифаќа

Изјавата на Петков е токму она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со месеци наназад дека нашите билатерални проблеми и барањата на официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас ЕУ и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Па ако прецизно ја читате таа изјава од Кирил Петков ќе видите дека тоа што тој го зборува го зборуваме веќе ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично месеци наназад, а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме, односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков за евентуално тргање на ветото и внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Тој, сепак, верува дека членките на ЕУ нема да дозволат внесување на билатералните проблеми во преговарачката рамка за земјава.

-Но, јас сум убеден дека земјите членки на ЕУ тоа нема да го дозволат, бидејќи многу пати во минатото истите тие земји членки кажаа дека билатералните проблеми се само билатерални проблеми и тие никако не можат да бидат мултилатерални односно проблеми на земјите членки на ЕУ со земјите кои што се аспиранти, односно кандидати.

Така што ако тоа се случи и ако стави потпис оваа Влада на тој документ треба народот во Македонија и граѓаните да знаат, да, можеби ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, но никогаш преговорите нема да почнат се додека ние не прифатиме да се асимилираме и како Бугари да влеземе во рамките на ЕУ и да го прифатиме сето она кое што е содржано во резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година, нагласи Мицкоски кој денеска присуствуваше на литургијата во Соборниот храм по повод големиот православен празник Христово Воскресение – Велигден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков: Северна Македонија во Европска Унија најрано за 10 години, ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите

Османи: Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешен заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески

Редакција

Се намали коефициентот за функционерските плати

Редакција

Драматичен раст: Нови 999 случаи на Ковид-19 од 7.245 тестирањa

Редакција